“Оној кој е способен да господари со своето срце, тој може да го освои светот-Пауло Коељо.”
ОВЕН
Работа: За повеќето Овни крајот на работната недела носи голем обем на обврски, но и одлични резултати на деловен план.
Љубов: Малкуто време што ви останува за љубов, треба да го насочите кон саканата личност, за обострано задоволство.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
БИК
Работа: Денеска повеќето Бикови ги чека многу работа. Денес без поголеми проблеми успевате да се справите со сите препреки кои ви се наоѓаат на патот.
Љубов: Не е поволен ден за поставување сериозни прашања и важни разговори со саканата личност. Одложете го за поповолен момент.
Здравје: Пазете се од настинки.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Колку и да се трудите и да пробате да контролирате некои ситуации, околностите нема да ви бидат во прилог. Обидете се да бидете колку што е можно помалкунервозни поради тоа, ќе има подобри можности.
Љубов: Овој петок е исклучително поволен за секакви љубовни дејствија. Искористете ја можноста да излезете некаде за да се забавувате, опуштите и уживате.
Здравје: Обидете се да најдете баланс помеѓу работата и обврските.
РАК
Работа: Раковите го дочекуваат последниот работен ден од неделата објективно уморни, но и малку нервозни поради бројните документи и формални обврски кои допрва треба да се завршат.
Љубов: Слободни Ракови, може да ве контактира личност која ја познавате преку пријатели или преку социјалните мрежи. Уживајте.
Здравје: Можни респираторни инфекции, висока температура.
ЛАВ
Работа: Многу добри деловни околности треба да ги следат Лавовите на крајот од работната недела. Некоја документација која се влече долго време конечно може да се архивира денес.
Љубов: Ве очекува прилично активен и потенцијално бурен ден во љубовната сфера. Нема да биде лесно да го направите вистинскиот избор, а нема да бидете ниту во вашиот најдобар елемент.
Здравје: Намален имунитет.
ДЕВИЦА
Работа: Речиси сите придружни околности треба да ви одат во прилог овој петок, за без поголеми проблеми да ги завршите успешно сите деловни активности, како што сте замислиле.
Љубов: Позитивната енергија и шармот со кој зрачите ќе бидат многу забележливи во текот на овој ден, без разлика во кое друштво сте. Искористете го максимумот и уживајте.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта, алергиски реакции.
ВАГА
Работа: Внимателно измерете ги зборовите и ветувањата, како кон себе, така и кон другите. Обидете се да избегнете помали вербални конфликти со деловните соработници.
Љубов: Зафатена Вага, треба да и дадете малку енергија на вашата врска за да ја избегнете замката да паднете во монотонија.
Здравје: Можни проблеми со варењето.
ШКОРПИЈА
Работа: Многу добар ден и успешно завршување на планираните активности за оваа недела им претстои на Шкорпиите. Дополнително, еден важен разговор и деловен договор го чека вашиот целосен ангажман.
Љубов: Би било убаво да сте активни и на љубовно поле, бидејќи можно е некоја драга личност пријатно да ве изненади со некој интересен предлог.
Здравје: Освен замор, нема значајни предупредувања.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Нетрпеливиот Стрелец во текот на овој ден би можеле да очекуваат одредено забавување и доцнење во реализацијата на некои веќе договорени планирани активности. Не се нервирајте, понекогаш не можеме да контролираме некои работи.
Љубов: Постои можност да запознаете нова интересна личност, на сосема необично место, или под необични околности. Оваа личност може да ви остави многу силен впечаток.
Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.
ЈАРЕЦ
Работа: Крајот на работната недела би требало да биде подобар од очекуваниот за Јарците или поточно – со подобри резултати на деловен план.
Љубов: Што се однесува до емотивните љубовни врски, денес би можело да биде спротивно – поголеми разочарувања поради неисполнетите очекувања.
Здравје: Можни алергиски реакции.
ВОДОЛИЈА
Работа: За очекување е дека придружните околности ќе ви бидат во корист во текот на овој петок, особено ако е неопходно да се повторат некои тривијални потези. Ќе има одредена тензија околу една финансиска исплата, но парите доаѓаат онолку колку што е потребно.
Љубов: Овој петок не е најповолен за форсирање и забрзување на некои капитални одлуки, намалете ги малку вашите очекувања.
Здравје: Можна несоница, нервоза.
РИБА
Работа: Денеска максимално контролирајте ја импулсивноста и без избрзани потези, бидејќи би можеле да ве одведат во погрешна насока.
Љубов: На вашето љубовно небо има интересни нови слатки лица. Доаѓаат нови емотивни предизвици, најмногу преку пријателите, социјалните врски и интернетот.
Здравје: Можна несоница, главоболка.