Да се сакаме, тоа не значи, да се гледаме меѓусенно, но заедно да гледаме во иста насока.
ОВЕН
Работа: Повеќето типични претставници на Овен ќе ја завршат работната недела во согласност со претходните денови – многу волја и посветеност, а резултатите се во границите на просекот.
Љубов: Денот пред викендот истовремено носи зголемена доза на нетрпеливост, но и навестување на потенцијално многу убави работи кои ве очекуваат во блиска иднина на љубовен план.
Здравје: Нервозата може да ви предизвика привремена главоболка.
БИК
Работа: На крајот на работната недела, повеќето Бикови очекуваат уште еден ударнички работен ден. Без разлика на сите обврски и напори, постојат сите шанси денот да го завршите многу успешно.
Љубов: Нема навестувања за нова сензација, но ниту за поголем бран на постоечкото мирно љубовно море.
Здравје: Можни болки во рацете и нозете.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Не е лош ден за подмирување деловни сметки, како на личен план, така и во меѓуколеѓијални односи, особено ако имате силни професионални противници.
Љубов: Смиреноста која моментално владее на емотивен план можете да ја искористите за да се одморите и што подобро да се подготвите за период на значително поповолни можности и настани.
Здравје: Намален имунитет.
РАК
Работа: Одличен ден за да постигнете ефективни поени и да ставите крај на успешната работна недела. Доколку рано ги завршите сите задачи, иницирањето на нови идеи оставете го за следните денови.
Љубов: Еден од најдобрите начини за адекватно трошење на вишокот слободно време е вложувањето во љубовта, односно посветеноста на заедничките активности.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Очекувавте повеќе и објективно можевте да бидете значително поефикасни на полето на стручното докажување претходните денови, но она што е сигурно е дека состојбата ќе се подобри во наредниот период.
Љубов: Најверојатно без конкретни настани на вашиот љубовен план овој петок, но неколку предлози треба да навестат возбудлив викенд.
Здравје: Можна главоболка.
ДЕВИЦА
Работа: Резултатски, солиден работен ден за Девиците, но би можел да биде на значително повисоко ниво доколку склучите барем еден квалитетен договор за следниот период.
Љубов: Имате реални шанси да го поминете денот без поголеми љубовни конфликти. Немој само да се занесете.
Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.
ВАГА
Работа: Добар работен ден, можеби дури и малку подобар од личните амбиции, ги очекува родените во знакот Вага. Со ваша голема посветеност и труд, следува успешно завршување на сите обврски.
Љубов: Ако мислите за некоја личност ви ја скокоткаат фантазијата, обидете се да видите дали има барем слични повратни вибрации. Многу е важно да се биде суптилен пред се друго.
Здравје: Хронични заболувања
ШКОРПИЈА
Работа: Сите професионални обврски, а ќе ги има во изобилство, повеќето Шкорпии денеска ќе успеат да ги завршат успешно и навреме.
Љубов: Ако нешто може да ви го разубави крајот на денот, тогаш тоа е можна пријатна средба помешана со голема доза на сочувство кон личноста која неодамна сте ја запознале.
Здравје: Многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Повеќето Стрелци последниот работен ден од неделата го дочекуваат доста уморно, и психички и физички. Позабавете се со планирање на одмор.
Љубов: Не би било лошо доколку се посветите на малку запоставената љубовна сфера, а дополнително го подобрите вашето расположение.
Здравје: Можни помали проблеми со циркулацијата.
ЈАРЕЦ
Работа: Различни контроли и проверки би можеле да одземат многу време од ревносните и вредни Јарци овој петок. Нема апсолутно ништо за што да се грижите.
Љубов: Сите ваши љубовни активности би можеле да бидат насочени кон личност која неодамна сте ја запознале, а која ви е многу привлечна, па доколку сте заинтересирани подобро да се запознаете, повелете и освојте ја.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Речиси се што започнавте во претходниот период на професионален план, на крајот на работната недела треба да го наведете како успешно завршено.
Љубов: Уживајте во добрите работи и обидете се да ги исправите малите работи со кои не сте задоволни.
Здравје: Многу добро.
РИБА
Работа: Работниот ден би можел да добие преодна оценка доколку успеете да ги контролирате избрзаните реакции и избрзаните одлуки.
Љубов: Денеска некако подобро е да ја препуштите иницијативата на другата страна, а вие набљудувате и анализирате.
Здравје: Спијте доволно.