хороскоп

Проверете што ве очекува денес !

Овен

Работа: Ситуацијата е нестабилна на деловен план и мора да научите да се справувате со неа во текот на целата прва половина на февруар. Неочекувани финансиски трошоци.

Љубов: Овој ден е идеален за сериозен разговор со партнерот. Денес лесно можете да ги решите и оние стари проблеми меѓу вас.

Здравје: стабилно.

Бик

Работа: Предизвикот на овој ден е во вашата деловна комуникација. Постои голема можност за конфликт на ставови или интереси.

Љубов: Имате чувство дека е создадена одредена дистанца помеѓу вас и вашиот партнер. Најдобар начин да го надминете ова е да имате отворен разговор.

Здравје: Чувствителност на грлото.

Близнаци

Работа: Незадоволни сте на работа бидејќи чувствувате дека сте ги презеле туѓите обврски. Односот со соработник ви оди надолу.

Љубов: Чувството на дистанца меѓу вас и партнерот изгледа се продлабочува. Слободните Близнаци ги чека љубовна авантура со една Шкорпија.

Здравје: Нервоза.

Рак

Работа: Доколку имате некои правни проблеми, ќе можете да ги решите дури на крајот на август. Овој ден носи предизвик во соработка со проблематичен соработник.

Љубов: Доколку долго време сте незадоволни од вашата врска, овој ден може да ви ја донесе конечната одлука за раскинување.

Здравје: Проблеми со варењето.

Лав

Работа: Сте научиле да ги извршувате сите работи со молскавична брзина. Сепак, овој ден може да ви донесе ќор-сокак предизвикан од некои хартии или документација.

Љубов: Слободните Лавови денес можат да запознаат сродна душа на забава или преку пријател.

Здравје: Солидно.

Девица

Работа: Девиците кои сакаат да ја сменат работата може да се соочат со некои пречки. Почекајте подобро време за големи деловни пресврти.

Љубов: Решени сте да го направите првиот чекор кон зближување со личност која долго време ви се допаѓа.

Здравје: Солидно.

Вага

Бизнис: Успешните деловни резултати ќе направат да се чувствувате многу горди. Доколку се занимавате со приватен бизнис, ви се отвора нова перспектива на соработка со странство.

Љубов: Вагите очекуваат многу убав излет во општество каде што ќе зрачат со посебен магнетизам. На овој начин ќе ја привлече вистинската личност во својот живот.

Здравје: Вртоглавица.

Шкорпија

Работа: Во овој период ќе ви бидат потребни посебни дипломатски вештини за да се справите со тешките и комплицирани деловни соработници. Неочекувани трошоци.

Љубов: Почеток на нова врска за сите слободни Скорпии.

Здравје: Зголемен стрес.

Стрелец

Работа: Полни сте со ентузијазам за вашата деловна идеја. Сепак, цело време наидувате на пречки во вид на проблематични деловни соработници со кои не знаете на што сте.

Љубов: Пред вас е заедничко патување со партнерот, на кое ќе дојде до поголемо зближување.

Здравје: Солидно.

Јарец

Работа: Периодот не е поволен за влегување во нова, ризична деловна соработка. Почекајте подобар момент и посветете се на повеќе планирање.

Љубов: Слободните Јарци можат да ја обноват врската со личност која им значела многу во минатото.

Здравје: Ревматски проблеми.

Водолија

Работа: Атмосферата на работа е полна со изненадувања и пресврти. Премногу обврски ќе направат забуна во вашите претходни деловни планови. Прво завршете ја најважната работа.

Љубов: Стабилизацијата меѓу вас и вашиот партнер зависи од вашата подготвеност за компромис.

Здравје: Стрес.

Риба

Работа: Сакате да направите голем чекор напред во кариерата. Сепак, ретроградните планети си го прават своето. Напредокот во кариерата е многу повеќе за следниот месец.

Љубов: Слободните Риби можат да ја обноват врската со поранешниот партнер.

Здравје: Проблеми со забите.

By Author