Кој очекува благодарност за својата љубов, всушност не ни сака.

ОВЕН

Работа: Иако е петок, повеќето Овни ќе бидат мотивирани успешно да ги завршат сите поставени обврски. Можно е да постигнете поволен деловен договор, кој долго време го посакувате.

Љубов: Освен можноста за лежерен флерт и неврзан разговор, нема индикации за значителни промени во вашиот љубовен план.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

БИК

Работа: Иако денес може да се појават некои пречки на вашиот деловен пат, нема причина за грижа, бидејќи сè решавате на интелигентен и рационален начин.

Љубов: Доколку сте во врска, треба да се посвети повеќе внимание на зајакнувањето на тие послаби алки во вашата врска. Отфрлете ги прво сомнежите.

Здравје: Пазете се од настинки.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Стандарден работен ден и рутинско извршување на тековните обврски е пред Близнаците. Почекајте неколку дена за некои нови идеи и потези.

Љубов: Ако размислувате да се вратите на старото, советот е сепак да не го правите тоа.

Здравје: Можни алергиски реакции.

РАК

Работа: Солидниот крај на оваа работна недела е пред Раковите. Иако сте прилично уморни, не треба да бидете незадоволни од постигнатото.

Љубов: Можете и треба искрено да зборувате за се, но сепак држете се до позитивните и весели теми. Опуштете се.

Здравје: Можна чувствителност на уринарниот тракт.

ЛАВ

Работа: Многу работи денес би можеле да бидат побавни отколку што очекувате. Сепак, со малку среќа и повеќе трпение ќе успеете се да завршите.

Љубов: Не би требало да бидете многу уморни од деловната сфера, што ви дава добра можност да се посветите на поубавата и поопуштена сфера од животот.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА

Работа: Би било препорачливо да бидете доста трпеливи во текот на овој ден, особено ако треба да повторите некои потези.

Љубов: Покажете и на вашата сакана колку се грижите. Израдувајте ја со подарок или организирајте состанок. Опуштете се и уживајте.

Здравје: Многу добро.

ВАГА

Работа: На Вагите им претстои многу добар работен ден за без поголеми проблеми да ги завршите поставените обврски. Можен е контакт со личност со која претходно сте работеле, па не се исклучува нов договор.

Љубов: Има нови симпатии, но нема како да се издвојат како особено интересни за продлабочување на љубовна приказна. Не губете надеж, ќе има поповолни можности.

Здравје: Чувствителност на кардиоваскуларниот систем, пишува Астропутник.

ШКОРПИЈА

Работа: Доколку не форсирате ништо, сосема е сигурно дека ве очекува солиден ден за завршување на сите обврски.

Љубов: Може да бидете сомничави кон саканата личност. Не е препорачливо да драматизирате премногу пред да испитате дали вашите сомнежи се реални.

Здравје: Психофизички замор. Потребен ви е добар и квалитетен сон.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Обврската и денес ќе ја има во изобилство кај повеќето Стрелци. Слушајте ги советите на постарите и поискусни соработници, некој денес би можел да биде од голема помош.

Љубов: Навистина се грижите за личноста што ја запознавте, но тоа не можете директно да го изразите. Опуштете се и не размислувајте премногу, туку тргнете се во движење и направете го првиот чекор.

Здравје: Многу добро.

ЈАРЕЦ

Работа: Одличен ден за Јарците на професионален план, а денес би можеле да очекувате пофалби од одговорните.

Љубов: Доколку сте слободни не треба да дозволите можностите да останат незабележани и сеуште живеете во минатото.

Здравје: Одлично.

ВОДОЛИЈА

Работа: Кога станува збор за поголеми деловни проекти, не притискајте премногу. Справете се со тековните обврски, завршете го она што сте го започнале.

Љубов: Не е лош ден за излегување и дружење со новата љубов. Очигледно сте на исти бранови должини.

Здравје: Многу добро.

РИБИ

Работа: Добар ден е да се справите со сите незавршени обврски од претходниот период, пред се поврзани со рокови, за да имате чиста ситуација за да продолжите со новите задачи кои ве очекуваат.

Љубов: Некој многу јасно и отворено покажува дека е заинтересиран за вас, а од вас зависи што ќе правите. Во секој случај, бидете опуштени.

Здравје: Многу добро. Сега се чувствувате сакано и поддржано, а тоа ќе влијае и на вашето физичко здравје.

By Author