Колку може да бидат сурови децата, дали родителите се свесни за карактерот на своите деца и последиците од тоа понашање – каде е грешката?
Полицијата во моментов работи на отстранување на спорната снимка.
Двајца 14-годишници од Германија признале дека сексуално злоставувале момче (13). Тие, исто така, цело време го снимале иживувањето врз момчето.
Според соопштението на Обвинителството, двајцата го мачеле и сексуално злоставувале момчето во напуштен објект. Го принудиле да ги бакнува нивните чевли, а потоа го силувале.
Момчето кое било малтретирано од тинејџерите прво и се пожалило на мајка си.
Тинејџерите го снимале злоставувањето со мобилни телефони, а потоа видеото го споделиле со своите врсници во училиштето, пишува НДР.
Полицијата во моментов работи на отстранување на спорната снимка.
Против двајцата тинејџери е покрената истрага, а се товарат за сексуална злоупотреба и нанесување полесни телесни повреди.