Прогноза за 06.08.2023
Претпладне променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. UV=8
Минималните температури ќе се движат од 9 °C до 19 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 20 °C до 33 °C.
Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.