Прогноза за 31.07.2023
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец. UV=8
Утринските минимални температури ќе се движат од 13 °C до 20 °C, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 24 °C до 35 °C.
Во Скопје умерено облачно со засилен северен ветер.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.