Прогноза за 05.06.2023
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места во форма на невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 8 °C до 16 °C, додека максималните ке бидат во интервал од 18 °C до 28 °C.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.