Прогноза за 20.05.2023

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринските минимални температури ќе се движат од 5 °C до 12 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 17 °C до 27 °C.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author