Прогноза за 19.08.2022
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има зголемена облачност, локално со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. УВ=8
Минималните температури ќе се движат од 14 °C до 24 °C, додека максималните ќе бидат во распон од 32 °C до 42 °C.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.