Прогноза за 08.07.2022
Во текот на денот најпрвин во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). УВ=6
Мимнималните температури ќе се движат од 11 °C до 21 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 20 °C до 31 °C.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.