Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галан, прогласи вонредна состојба во радиус од 80 километри од Појасот Газа, по ненадеен ракетен напад од таа палестинска територија и организиран упад на вооружени напаѓачи на израелска територија.

„Вонредната состојба“ ѝ дозволува на воената команда да ги ограничи собирите и да ја затвори областа, која ги опфаќа градовите Тел Авив и Бершеба.

Кабинетот за безбедност на највисоко ниво на Израел ќе одржи состанок во 13 часот по локално време, поради ненадејниот напад за кој одговорноста ја презеде Хамас, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

По нападот од Хамас, министерот за одбрана Јоав Галан најави мобилизација на резервисти. Бројот на резервисти кои ќе бидат повикани ќе зависи од потребите на армијата, пишува The Times of Israel.

На социјалните мрежи објавени се драматични снимки од ракетирање во Израел. Според Хамас, кој ја презеде одговорноста за нападот, биле истрелани околу 7.000 ракети.

Во Ерусалим и околните градови утринава по втор пат се огласуваат сирени за тревога поради тековниот напад на терористичката група Хамас.

Жителите велат дека слушнале звук од повеќе ракетни експлозии или пресретнување на израелската воздушна одбрана.

Палестинците од Појасот Газа утринава извршија ракетен напад од големи размери врз јужен и централен Израел, во комбинација со упадот на десетици вооружени мажи кои се инфилтрираа во пограничниот град Сдерот, каде што се судрија со војниците на израелската армија.

Одговорноста за нападот ја презеде палестинската милитантна група Хамас, а нејзиното милитантно крило соопшти дека истрелала 5.000 ракети за 20 минути.

Најмалку едно лице загина, а 15 се ранети во ракетни напади, а жртви на вооружени напаѓачи се пријавени и во Сдерот.

Повеќе од два часа непрекинато ракетно се пука кон Израел, а во овој напад загина една жена, а неколку други се ранети.

Израелските медиуми објавија дека вооружени лица отвориле оган врз минувачите во јужниот израелски град Сдерот, а снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат судири на улиците на градот, како и вооружени лица во џипови кои шетаат низ селата.

https://twitter.com/AskAnshul/status/1710524242692129195?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1710524242692129195%7Ctwgr%5Edcb3c1708fc260b4c83069e2ae2ad50177376063%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3762035-izrael-je-napadnut-rakete-padaju-po-jugu-drzave-vojska-tvrdi-da-su-teroristi-usli-u-zemlju

Палестинските медиуми објавија дека борците заробиле голем број Израелци, а медиумите на Хамас објавија видео снимка на која очигледно се гледа уништен израелски тенк, објави Ројтерс.

Репортерот на Би-Би-Си од Газа јавува дека ракетите летаат од исток, југ, север, од сите страни.

Израелската армија објави дека во моментов врши воздушни напади врз Појасот Газа, два часа откако Хамас изврши ненадеен напад врз Израел од таа територија.

By Author