Карлос Алкараз го освои Индијан Велс и со тоа ja направи единственaтa работа во Калифорнија што може да го врати на врвот на АТП листата.
Шпанскиот тенисер во големото финале го совлада Данило Медведев со 6:3, 6:2 и со тоа го подигна третиот трофеј на Мастерсот во кариерата.
Сега е во друштво на Николај Давиденко (3) и Џим Куриер (5), кои се единствените со стопроцентен учинок во финалето на Мастерсот.
Медведев на тој начин ја прекина серијата од 19 последователни победи и серијата од четири финалиња за пет недели.
Натпреварот траеше само 72 минути, а Медведев не беше вистинскиот. Алкараз веднаш на стартот стаса до брејк за 2:0, а потоа таа предност ја задржа до крајот. Медведев не успеа да го натера ниту да ја брани сет топка.
Вториот сет создаде речиси идентична слика. Впрочем, за Русинот беше уште полошо бидејќи Алкараз со два брејка стигна до 4:0, ги искористи двете брејк шанси и со тоа релативно лесно го освои вториот сет а со тоа и турнирот.
Со оваа титула Алкараз стигна до 7.420 бодови, додека Ѓоковиќ сега останува на 7.160. Сепак, не е сè толку едноставно. Алкараз сега мора да ја одбрани титулата во Мајами за да остане на врвот на светот бидејќи Ѓоковиќ не брани ниту еден бод.
Шпанскиот ас стана најмладиот тенисер и првиот до 20 години кој го освоил „сончевиот двојник“ (Индијан Велс и Мајами), иако не во истата година. Алкараз досега има освоено осум титули, а повеќе од него кај активните играчи има само Рафаел Надал кој стигна до неверојатни 16 турнири. Пред да наполни 20 години, Ѓоковиќ освои пет трофеи.