Објавен трејлер за новиот холивудски филм во кој глуми познатиот босански актер Мирај Грбиќ.
Босанскиот актер Мирај Грбиќ, најпознат по улогата на Чомбет во серијата „Луд, збунет, нормален“, во последните неколку години гради кариера во Холивуд.
Сега е објавен трејлерот за новиот филм на Грбиќ „Bullet Train“ во кој игра рамо до рамо со Сандра Булок и Бред Пит.
Инаку, „Bullet Train“ е акција и комедија, во режија на Дејвид Лајч, а е базирана на роман на јапонскиот автор Котар Исак.
Филмот ќе започне да се прикажува во средината на јули, а трејлерот можете да го погледнете во продолжение.