Разговорите се очекува да започнат во 22 часот.
Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски потврди дека украинската делегација пристигнала на украинско-белоруската граница на разговори со Русија.
Делегација од Украина на местото на средбата пристигнала со хеликоптер, се гледаво видеото што го објави РИА Новости.
Како што е прикажано на видеото, најмалку два хеликоптери слетале во близина на местото на средбата.
Русија е заинтересирана за постигнување договор кој е во интерес на двете страни во разговорите со Украина, изјави рускиот преговарач Владимир Медински. Медински рече дека се очекува разговорите да започнат во 12 часот по локално време, односно во 10 часот по средноевропско време.
Медиумите јавуваат дека клучниот разговор за тоа дали ќе има мир во Украина и прекин на специјалната операција на руската армија ќе започне во 10 часот.