Египет може да изгледа како клише дестинација за вашиот одмор но таа е една од земјите кои вреди да се посети.Оној кој веќе бил еднаш ќе сфати за што зборувам дека и покрај огромниот број на туристи нема друго место како Египет.
Египет и неговата античка култура по текот на реката Нил ги пленеле и воодушевувале патниците со векови. Од гробниците на изгубени цивилизации покриени со песок до прашливата пустина на Сахара, Египет ќе го извади авантуристот во сите нас. Ќе ја научите историјата на Антички Египет, од прва рака ќе ги видите пирамидите како врвот на човечките достигнувања додека играте една од вашите омилени сцени во филмовите на Индијана Џонс.
Сега, кажете ми зошто не би сакале да го посетите Египет?
Неколку предлози за локации кои мора да ги посетите и работи да ги направите додека сте таму.
Каиро првенствено не асоцира на пирамидите во Гиза и тоа мора да е на врвот на листата на места кои ќе ги посетите додека сте во Египет,но исто така Античкиот, фараонски Египет, најмногу се доживува со посета на Националниот музеј во Каиро, фасцинантен со своите 120.000 експонати. Тука, на самиот влез, дознавате дека папирусот е симбол на Долна или Северен Египет и дека лотосот е симбол на Горниот или Јужен Египет.
Александрија најмногу е позната по старата и новата Александриска библиотека.Во античко време, градот бил познат по Светилникот кој претставува едно од седумте светски чуда.
Луксор ако имате доволно среќа да бидете во Египет, сигурно ќе се согласите дека тука, недалеку од градот Луксор, постои грандиозна некропола – Долината на кралевите. Пет века, локалните жители ги погребувале античките египетски владетели тука. Според многу туристи, ова место дефинитивно заслужува внимание.
Сахара секако како да не сте биле во Египет доколку не ја посетите пустината Сахара каде што може да уживате во едни од најубавите зајдисонца јавајќи камили а подоцна да посетите