Како личноста ќе воспостави емоционални врски зависи од многу фактори, меѓу другото и научените обрасци на однесување, т.е. од врската што ѓи имаат нивните родители и луѓето од нивното опкружување, потоа од личните емотивни искуства.

Ако некој е повреден, тој во следната врска влегува со многу поголема претпазливост и има проблем целосно емотивно да се предаде, пишува.

Според астролозите, ова се трите хороскопски знаци кои најмногу се плашат од приврзаност:

Водолија

Емоциите доаѓаат со врската, а тоа не е нешто што е пријатно за Водолијата. За нив е предизвик да ги изразат сопствените емоции, но уште потешко им е кога станува збор за некој за кој навистина се грижат.

Водолијата знае да се дистанцира, на што најмногу им замеруваат оние на кои им е потребна нивната поддршка и грижа.

Близнаци

Близнаците може да се плашат од врски и интимност бидејќи се загрижени што ќе се случи кога ќе има тишина. Потајно се грижат дали ќе успеат да се справат со таа ситуација, кога само двајца седат, без потреба да разговараат и да се забавуваат.

Близнаците се плашат дека ќе го загубат она што им е најсилниот адут – талентот за комуникација.

Јарец

Јарците понекогаш ја користат работата како начин да избегнат врска. Се плашат дека ќе се збркаат или ќе направат нешто лошо ако се во врска – или, уште полошо, дека ќе бидат повредени. Јарците се претпазливи при поврзувањето, како и многу други работи, и им треба многу време и многу ризик за да ги надминат своите стравови.

By Author