Полицијата денес како во филмска акција приведе опасен криминалец, Муса Џавид од Батинци, кој пред месец дена избоде момче во Студеничани.
По преземени опсежни мерки и активности на оперативниот тим за потраги при СВР Скопје, лицето е лоцирано и во координирана акција со повеќе тимови од интервентната полиција буквално направиле опсада на Батинци и го уапсиле криминалецот иако се обидел да бега скокајќи од втори кат на куќа.
Kако што соопштија од МВР:
“Денеска (18.12.2021) во 14:30 часот полициски службеници од Оперативен им Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје во скопското село Батинци ги приведоа М.Џ. (21) и Р.Р. (24) од Батинци.
М.Џ. бил баран со потерница во врска со чл.123 (убиство) од КЗ на РСМ. Кога ги забележале полициските службеници, М.Џ. и Р.Р. се обиделе да избегаат скокајќи од втор кат на куќа, каде биле лоцирани, но веднаш биле лишени од слобода. При преглед кај М.Џ. е пронајден пиштол со рамка и девет куршуми, како и поголема количина пари, а кај Р.Р. пронајдени се 27 куршуми. Лицата се приведени во полициска станица