Според наодите од Центарот за европски стратегии од анкетното истражување ЕВРОМЕТАР, кое ЕВРОТИНК го спроведува традиционално од 2014 година најголемиот дел од граѓаните остануваат силни поддржувачи на Европската Унија. Во споредба со крајот на 2020година , ова година е зголемен процентот на граѓани кои сметаат дека членството во ЕУ е „добра работа” односно 70.8 отсто и „корисна работа”, 74.3 отсто. За цели пет процентни се зголемемиле и очекувањата за брз влез во ЕУ, а повеќе од две третини или 70.9 отсто од граѓаните би гласале ЗА на референдум за влез во ЕУ и сметаат дека интеграцијата на земјава во Унијата ќе се случи во наредните пет години. 

Како што информираат од ЕВРОТИНК покрај одолговлекувањето на почетокот на преговорите со ЕУ, поддршката за пристапувањето останува стабилна и бележи раст. 70.9 отсто би гласале за приклучување на земјава кон ЕУ. Повеќе етнички Македонци сметаат дека државава треба да бара сопствен модел за развој, додека цели 82 отсто од етничките Албанци сметаат дека Унијата е најдоброто решение.  Останува стабилна и перцепцијата дека односот на ЕУ кон Македонија е нефер, надмен и уценувачки. За разлика од минатогодишните овој тренд забележува опаѓање, но процентот е сѐ уште висок и изнесува 47.4 отсто. 

Во однос пак на перцепцијата за институциите, најголема доверба меѓу граѓаните имаат Армијата , Претседателот и верските заедници. Од другата страна на спектарот, пак, довербата во Обвинителството , судовите и Државната комисија за спречување на корупцијата останува најниска. 

Ова издание на ЕВРОМЕТАР, за прв пат ги мереше перцепциите на граѓаните во однос на КОВИД-19 кризата и справувањето со истата. Голем дел од граѓаните имаат негативна перцепција за полицијата. 63% не се согласуваат дека полицијата во С. Македонија е независна од политички, владини или бизнис интереси. Од друга страна, пак, 57% од граѓаните сметаат дека полицијата добро ги извршува своите задачи за време на пандемијата со КОВИД-19. Исто така, голем број од граѓаните (65%) изразуваат позитивен став за работата на полицијата во време на забраните за движење во текот на пролетта 2020 година. 

Истражувањето е спроведено од страна на агенцијата Индаго во периодот 4 февруари – 15 февруари 2021 година на репрезентативен примерок од 1015 испитаници.

By Admin