Денес е предизборен молк, утреќе се гласа вториот круг од локалните избори.
Ќе се гласа во 43 општини и во град Скопје, 2481 избирачко мрсто ќе биде отворено или 999 помалку од првиот круг. Вкупниот број на гласачи кој ќе треба да излезат на гласање е 1 334 779. Во град Скопје односно во општините Карпош, Центар, Чаир и Шуто Оризари ќе има по 2 гласачки кутии ќе треба да се одберат и градоначалници на општините и на град Скопје, додека во останатите општини ќе се бира градоначалник само на град Скопје.
Најголемите општини по број на гласачи останаа да изберат градоначалници во втор круг Куманово, Тетово, Гостивар, Битола и Струга. Птвиот човек на ДИК Александар Даштевски се надева дека изборите ќе поминат без проблеми со сќенерите и дека ќе бидат мирни и дрмократски.
Во првиот круг имаше 1200 набљудувачи сега, а сега ќе има 300 набљудувачи повеќе. Даштевски запрашан зошто има повеќе набљудувачи на помалку избирачки места и дали се очекуваат нерегуларности не даде конкретен одговор.
Пребројувањето во првиот круг одеше многу споро дури и за излезноста, а и за финалните резултати. Првиот човрк на ДИК се надева дека овој пат побрзо ќе биде пребројувањето со оглед дека е помал бројот на гласачи.