Ако сте Љубител на нутелата и чоколадни колачи, тогаш во продолжение ви приложуваме рецепт што ќе ве полуди.

Оваа торта со Нутела, покрај тоа што е вкусна, многу лесно се подготвува и не ви одзема многу време, напиша Наташа Пралица на својот блог „kolaci.biz“ и додаде дека користела обрач при правење на истата.

Состојки:

За подлога:

– 250 грама мелени бисквити

– 160 мл млеко

– 170 грама маргарин или путер

– 100 грама шеќер

– 170 грама чоколадо за готвење

За Крем ви е потребно:

– 400 грама крем сирење

– 60 грама шеќер во прав

– 250 грама нутела

– 800 мл крем за шлаг

Ганаче:

– 200 мл крем за шлаг

– 200 грама млечно чоколадо

Подготовка:

Чоколадна основа:

1. Во тенџерето додадете млеко, маргарин, шеќер и мелено чоколадо за готвење

2. Ставете да се готви на тивок оган додека состојките не се стопат

3. Тргнете го тенџерето на страна и промешајте ги мелените бисквити

4. Ставете ја смесата во калап со обрач со дијаметар од 22 X 30 см

5. Веднаш штом ќе се олади малку, ставете ја основата во фрижидерот да се зацврсти.

Глазура од ганаче:

Додека основата се лади, подгответе го ганачето

1. Истурете крем за шлаг во тенџерето и оставете го да зоврие на средна топлина

2. Истурете ја во искршената чоколада и мешајте додека чоколадото целосно не се стопи

Два крема:

1. Крем сирењето измешајте го со шеќерот во прав

2. Во поголем сад, направете крем за шлаг треба да стане цврст, но не го прематувајте

3. Додадете го подготвеното крем сирење во шлагот и измешајте го со најмала брзина додека не се соединат состојките

4. Поделете ја смесата на два еднакви делови

5. Во едниот дел додадете Нутела, доколку е потребно можете малку да ја стопите во микробранова печка

6. Започнете да ги редите слоевите

Редење:

1. Подлога

2. Бел крем

3. Темен крем

4. Глазура од ганаче

Колачот е најдобро да се исече следниот ден, откако добро ќе се стврдни во фрижидерот.

Добар апетит!

By Admin