За време на жешките летни денови, никој од нас не сака да поминува многу време во кујната, но сепак би сакале да се засладуваме со фини и лесни колачи и пити.
За среќа, постои начин да се подготви летна торта без да се уклучи рерната. Добрата вест е дека нашиот чискејк со лимон може да се подготви со лесно достапни состојки што скоро секогаш ги имаме кујна. Еве како да го подготвите овој освежителен десерт.
Потребни состојки:
150 грама бисквити
50 гр путер
20 гр шеќер
1 ванилин шеќер
320 гр сирење маскарпоне
кора од еден лимон
сок од лимон од исцедени три лимони
Подготовка:
Со бисквитете правиме „кора“, поточно основата на тортата, а се што е потребно е да ги измелиме бисквитите, во блендер или рачно да додадеме стопен путер и шеќер. Откако ќе ги соединиме, добиената мешави треба рамномерно да се распредели во калап за торта и да се остави час или два во фрижидер за да стане цврста и компактна.
Што се однесува до подготовката на кремот, треба само да ги измешате останатите состојки, односно маскарпоне, ванилин шеќер, кора од лимон и сок од лимон. Се меша додека не добиете цврста смеса, рачно или со помош на електричен миксер. Откако претходно подготвената кора ќе се олади доволно, потребно е да се додаде кремот во калапот и тоа е тоа. Ако сакате десертот да биде особено освежителен, можете да го декорирате со лисја од нане.
Добар апетит!