ОВЕН
Можно е денес да не можете да постигнете ништо што сте планирале, благодарение на околностите кои се надвор од ваша контрола. Нервозата се зголемува, како и раздразливоста, па сигурно е дека сето тоа ќе успеете да го пренесете и на врската со партнерот.

БИК
И самите забележувате колку е нервозен вашиот партнер деновиве. Би било добро ако не придонесете за неговото лошо расположение. За жал, веројатно ќе имате тенденција да му префрлате токму за работите што знаете дека најмногу му пречат.

БЛИЗНАЦИ
Нервоза за децата, нервоза за обврските, нервоза за договори со пријателите. Сите ви одат на нерви, а вие мора да се снајдете и да се сретнете со нив. Добро е што барем попладне ќе имате повеќе време за себе.

РАК
Сите ваши мисли, планови и намери – денес се насочени кон забава, добро расположение или контакт со емотивен партнер. Овој ден сакате целосно да го посветите на она во што уживате. Не трошете премногу.

ЛАВ
Семејниот сегмент и она што сте го планирале ќе ви создадат тензии и проблеми денес. Очигледно е дека не можете да се договорите со домашните. Иако и вие не сте најдобро расположени, ќе се обидете да ја смирите ситуацијата и да барате решение.

ДЕВИЦА
Договорот што го имавте со вашите пријатели може да ви пропадне. Можно е финансискиот момент да е проблем, но не би ме изненадило ако не се чувствувате најдобро здравствено и поради таа причина мора да се откажете. Нема да бидете расположени ниту за емотивниот партнер.

ВАГА
Денес би било најдобро кога сите би ви угодувале. И, исто така, би било добро ако и вие се однесувате на ист начин кон другите. Ситуацијата е напната, особено во емотивниот сегмент, а вие и вашата сакана личност не треба да дозволите лошото расположение да се претвори во расправија.

ШКОРПИЈА
Денес во вас наизменично ќе се менуваат нервозата и напнатоста. Бидете внимателни со зборовите, внимавајте како комуницирате со другите, бидејќи најверојатно ќе бидете испровоцирани во бурна реакција. Некој може да ве притисне и ќе се обидете да се оправдате и да извлечете.

СТРЕЛЕЦ
Треба да одлучите на кого ќе му дадете приоритет – вашата сакана личност или вашите пријатели. Саканата личност може да випрефрли за вашиот голем интерес за „дружење“ со луѓе од спротивниот пол на социјалните мрежи. Не ја подбуцнувајте другата страна со вашите постапки.

ЈАРЕЦ
Вие би биле на едната страна, семејните обврски бараат да бидете на другата… Сè на сè, ден кога ќе треба да брзате обидувајќи се да завршите се што сте планирале. Нервозата опстојува, па затоа е важно да не ги расипувате односите со луѓето кои ви се важни.

ВОДОЛИЈА
Во текот на денешниот ден сигурно ќе има нервоза, бидејќи се чини дека сите со кои ќе стапите во контакт се натпреваруваат да испорачаат лоши вести. Сето ова ве нервира и повеќе би сакале да побегнете. Можеби најдобро би било да одвоите малку време за себе и да се обидете да се опуштите.

РИБА
Доста страсно расположение и овој пат најдобро би било да го поминете со саканата личност. Денеска можете да потрошите повеќе отколку што сте планирале и да се доведете во ситуација да се каете. Сепак, сигурно е дека добро ќе се забавувате.

By Author