Да бидеме тоа што сме и да станеме она што сме способни да станеме е единствената цел на животот.

ОВЕН
Работа:
Овенот треба да влезе во новата работна недела многу претпазливо, делумно поради нивната променлива енергија, делумно поради променетите околности на деловен план. Бидете трпеливи иако тоа навистина не е вашата силна страна.

Љубов: Незадоволството од деловниот сегмент во никој случај не се препорачува да се префрли во љубовната сфера. Замолчете ги страстите.

Здравје: Напнатост, нервоза.

БИК
Работа:
Неопходно е на самиот почеток добро да процените пред да прифатите обврски за кои знаете дека се исклучително тешки за исполнување и само ќе ви донесат дополнителни проблеми.

Љубов: Ве очекува променливо расположение и на љубовен план. Обидете се да избегнете муабети и провокации од другата страна.

Здравје: Психофизички замор.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Првиот работен ден во неделата за Близнаците носи доцнење во реализацијата на веќе договорените работи, пред се поради вашата лоша организација и комуникација со колегите.

Љубов: Внимавајте што зборувате и кому му се доверувате за деталите од љубовниот живот. Не се задушувајте со одредени ситуации и луѓе кои не ве задоволуваат и ви ја трошат енергијата.

Здравје: Ниска енергија.

РАК
Работа:
Ве чека многу работа, а на вас останува да поставите приоритети и прво да се справите со завршување на веќе започнатите обврски.

Љубов: Ако сте тврдоглави, нема шанси да поправите нешто во вашата врска и да бидете задоволни. Треба и отворено да зборувате за она што ве мачи.

Здравје: Можна несоница.

ЛАВ
Работа:
Зголемен обем на обврски е пред Лавовите, а колку и да се трудите брзо да сфатите и завршите сè, ќе биде доста тешко да успеете во тоа. Побарајте помош од доверливи луѓе.

Љубов: Ако се ставите себеси и сопствените интереси на прво место, лесно ќе доаѓа до краткотрајните искри. Сменете нешто.

Здравје: Физички замор.

ДЕВИЦА
Работа:
Повеќето Девици ги очекува прилично тежок ден, особено во работниот сегмент кој се однесува на организацијата и комуникацијата со соработниците.

Љубов: Доколку сте желни за промени на љубовен план, можеби и таму би можеле да започнете некоја посериозна иницијатива. Вашата сакана личност сигурно очекува малку повеќе посветеност.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

ВАГА
Работа:
Одредени околности денес би можеле да и помогнат на Вагите да ги приспособат на себе и на сопствениот начин на дејствување, особено на полето на комуникацијата.

Љубов: Уживајте, предадете се на позитивната енергија околу вас. Можни се интересни познанства денеска.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

ШКОРПИЈА
Работа:
Можна е нова понуда за работа или можност да направите нешто поразлично, нов деловен проект кој би можел да ја подобри вашата финансиска состојба.

Љубов: Ова е ден за типични претставници на овој знак да покажат колку се верни и лојални на саканата личност.

Здравје: Спијте доволно.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Можете успешно да ги регулирате и завршите сите обврски кои можеби заостанале, бидејќи треба да направите големо расчистување и максимално да се организирате и да се подготвите за новиот деловен период кој е пред вас.

Љубов: Некои мали проблеми не треба да го нарушат вашиот однос со партнерот, споделете и убави работи и проблеми.

Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.

ЈАРЕЦ
Работа:
Целата енергија, искуство и амбиции треба да ги насочите кон нови проекти и иновации на полето на работата.

Љубов: Покажете дека можете и сакате повеќе да се посветите на негување на добри партнерски односи, со малку труд и доволно разбирање се ќе почне да се одвива во насока во која сакате.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Денеска можете да бидете задоволни од постигнатите деловни резултати, како на полето на имплементација на бизнисот, така и на финансискиот план. Само напред.

Љубов: Може да бидете малку почувствителни и понетолерантни, па совет е да се држите подалеку од расправии со саканата личност.

Здравје: Многу добро.

РИБА
Работа:
Претстои многу солиден ден за Рибите без поголеми проблеми да ги реализираат планираните обврски и да се посветат на подолгорочни планови и идеи.

Љубов: Подгответе се за разговор, поставете ги темите кои ве мачат да размислите и на тој начин ќе дознаете каде стоите.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

By Author