Земјотрес со јачина од 4,1 степени е регистриран утрово во близина на грчкиот остров Халки, објави Националниот институт за геодинамика на опсерваторијата од Атина.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 2:40 часот, беше во морето на 18 километри северно од Халки, пренесува АНА.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

By Admin