Во последно време, еден од најголемите пријатели на Новак Ѓоковиќ на АТП турнирите е Австралиецот Ник Киргиос.
Новак неодамна на социјалните мрежи ја објави познатата фотографија на која грицка трева од Вимблдон, испраќајќи директна порака до сите дека е подготвен да освои нов пехар.
– Се сеќавам на вкусот и гладен сум за повеќе – напиша Ѓоковиќ
На српскиот тенисер му одговори Кирјиос кој загуби од Новак во ланското финале.
– Те молам, немој повторно да јадеш трева предмене. Ако пак победиш, тогаш овојпат ќе те изнесам на пијачка – изјави Австралиецот.
Настапот на Ник на Вимблдон се уште е под знак прашалник, бидејќи го мачи повреда, а турнирот започнува на 3 јули.