Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја коментираше најавата на министерот за одбрана на Хрватска дека земјата е подготвена да им помогне на властите во Приштина во намерата да ги трансформираат безбедносните сили во армија и дека тоа ќе го зголеми бројот на нејзините војници во КФОР за пет пати.

  • Хрватска има многу силна армија. Албанците на Косово не се на тоа ниво, но зад себе ги имаат Бондстил и американската армија. Нека си ја завршат својата работа. Србија е суверена земја и ќе го стори своето. Со гордост можам да кажам дека српската армија не е послаба од која било друга војска во регионот, не сметајќи ги романските и унгарските. Брзо стануваме се посилни. Сите други не се посилни од Србија – рече тој.

                                                     
                     

By Author