Прогноза за 04.06.2023

Променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Минималните температури ќе се движат од 8 °C до 16 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од  18 °C до  27 °C

Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author