По краткотрајно боледување, легендата на ромската музика, Ферус Мустафов почина минатата ноќ, на 21 мај, на 72-годишна возраст.
Славниот саксофонист доживеа мозочен удар на 26 април и оттогаш се наоѓаше во болницата „8 Септември“, во Скопје.
Неговите пријатели и почитувачи веќе се простуваат од музичката легенда на социјалните мрежи.
Ферус Мустафов е роден е на 20 декември во Штип во 1950 година, во ромско семејство на музичари, и каде што живееше со семејството последните години од животот.
Неговата професионална кариера започнала на 17- годишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. Ја напушта академијата откако на покана од бенд предводен од Тома Чрчев, оди на турнеја, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.
Во неговата богата музичка кариера има настапувано во голем број земји во светот, а снимил и десетина албуми, главно со инструментални композиции.
Согласно неговата желба, Ферус ќе биде погребан на гробиштата во Штип.