ОВЕН
Оптоварени сте со љубовниот живот. Саканата личност не може да го следи хаотичното темпо во кое западнавте во последно време. Поради недостаток на комуникација, можни се недоразбирања, кои доколку не ги решите навреме, ќе преминат во сериозен конфликт.

БИК
Опкружени сте со луѓе кои упорно ви кажуваат што и како да правите. Иако не сте побарале туѓо мислење, полека но сигурно почнувате да го прифаќате нивниот модел на однесување. Не личи на вас да размислувате со туѓа глава, дистанцирај се на време.

БЛИЗНАЦИ
Вие сте премногу сериозни. Денот е совршен за да си дадете одмор, да избегате од работа и да поминете часови во друштво на пријатели кои не ве оптоваруваат со ништо. Работата нема да побегне, никој нема да забележи дека ве нема и ќе се вратите освежени.

РАК
Вие сте мајстор да се оптоварувате со работа, но прашање е дали секоја ваша обврска е исплатлива. Поради преголема несигурност и болка, вие прифаќате на ваша штета се што се бара од вас, наместо да заземете јасен став и со тоа да се ослободите од притисокот.

ЛАВ
Од една страна имате луѓе над вас, а од друга страна оние кои се под вас и го чекаат вашиот потег, од кој зависи нивната судбина. За да им угодите на сите, треба да мерите праведно. Бидете одлучни, вашето чувство за правда ќе надвладее.

ДЕВИЦА
Фокусот е на семејните односи, без разлика дали се работи за вашето семејство или вашиот партнер. Пожртвуваноста е нешто што ве разликува, но овој пат не сте сигурни дали вашиот ангажман е неопходен. Слободното време повеќе би сакале да го поминете во ленчарење.

ВАГА
Имате можност да ги измазнете старите недоразбирања и да го обновите контактот со луѓе кои претходно сте ги елиминирале. Вашата уверливост носи добри резултати, но не претерувајте, бидејќи на тој начин ќе преземете и одговорност која не е ваша.

ШКОРПИЈА
Доколку вашата нервоза и напнатост ја пренесувате на партнерот, големи се шансите кризата да ја префрлите и во вашата околина. Со помош на член од семејството ќе го вратите оптимизмот, иако реалната ситуација сепак бара голема претпазливост.

СТРЕЛЕЦ
Завршувате многу заостанати работи со кои се мачите некое време. Одредена одлука или судска пресуда ќе разреши замрсеност, по што влегувате во понатамошни преговори како полноправна преговарачка страна, достојна за почит.

ЈАРЕЦ
Ако успеете да го започнете денот без одложување или одолговлекување, може да ви се отворат интересни можности, особено ако вашата работа е поврзана со странски земји. Не вклучувајте пријатели во вашите напори, решете ги вашите проблеми сами.

ВОДОЛИЈА
Се трудите да ги завршите обврските кои амбициозно сте ги презела на себе. Резултатите се неизвесни, но не ви останува оптимизмот и чувството дека на крајот се ќе заврши на најдобар начин за вас. Вооружете се со трпение и пазете се од повреди.

РИБИ
Уморни сте од чекање. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите замрсеци и сомнежи кои ве мачат извесно време. Не бидете нетрпеливи и избрзани, бидејќи грешките што би можеле да ги направите денес би биле непоправливи во иднина.

By Author