„Сè што научив за животот може да се сумира во три збора: животот продолжува понатаму“ – Роберт Фрост
ОВЕН
Работа: На крајот од работната недела, типичните Овни го пречекуваат полни со ентузијазам и нови идеи, за чие остварување ќе треба да го почекаат следниот деловен циклус.
Љубов: Овој ден во никој случај не е поволен за нови почетоци или за промени во постоечките партнерства. Лесна приказна без многу филозофирање ќе биде најбезболна.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Последниот ден од работната недела родените во знакот Бик ги очекуваат искушенија, пред се во комуникацијата и подготовката на плановите за нови професионални обврски.
Љубов: Без разлика дали сте сингл или не, денес е реално да очекувате дека вашата фантазија ќе ја скокотка појавата на сосема нова интересна личност на љубовното поле.
Здравје: Многу добро.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Одличен работен ден очекуваат повеќето претставници на Близнаците успешно да го заокружат претходниот, и да презентираат предлози за уште подобар следен работен период.
Љубов: Ако вашето внимание е насочено кон една личност, а од друга личност допираат позитивни вибрации, размислете добро за вашите приоритети, за да не испадне од се – ништо.
Здравје: Грлото и респираторниот систем може да ви направат помали проблеми.
РАК
Работа: Потрудете се да ги завршите сите документи и да не оставите ништо за друг ден. Можни се странски контакти.
Љубов: Родените во знакот Рак ги очекува сосема просечен и коректен ден, пред се да поминат што повеќе време со саканата личност.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ЛАВ
Работа: Чувството на замор е објективно присутно на крајот на работната недела кај најтипичните претставници на Лавовите, но постојано доаѓаат нови можности и деловни предлози.
Љубов: Мирен љубовен ден во прогноза, денес може прилично да ве потресе воспоставување контакт со нова личност и отворена покана за флерт, авантура.
Здравје: Можни стомачни проблеми.
ДЕВИЦА
Работа: Вашата работна и професионална одговорност не се спорни, но за луѓето родени во астролошкиот знак Девица денес, никако не е паметно да се инсистира на логика и реалност.
Љубов: Денеска не е реално да очекувате некои поголеми промени на вашето љубовно поле и треба да се потрудите барем квалитетни моменти да поминете со саканата личност.
Здравје: Зголемената нервоза и напнатост може да предизвикаат главоболки.
ВАГА
Работа: Повеќето луѓе родени во знакот Вага треба да го поминат овој работен ден претежно ангажирани во сферата на комуникација и склучување нови професионални договори.
Љубов: Не е лош ден дури и да бидете пријатно изненадени од саканата личност, но околностите не се многу поволни за вашите конкретни постапки на љубовно поле.
Здравје: Мали проблеми можат да предизвикаат ситните коски на рацете и нозете.
ШКОРПИЈА
Работа: Сосема коректен работен ден ги очекува типичните претставници на Шкорпијата, за успешно да ги завршат сите поставени професионални задачи, особено документацијата.
Љубов: Овој ден би можел да укаже на почеток на уште поповолен период за настани од љубовната сфера, но и ваша поактивна улога.
Здравје: Одлично.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Дополнителен деловен стимул доаѓа кај повеќето луѓе родени во знакот Стрелец на крајот од работната недела. Продолжете храбро, но нема причина да брзате премногу.
Љубов: Денес ќе ви треба многу трпение и разбирање, доколку сакате да го ублажите потенцијалното незадоволство кое доаѓа од саканата личност.
Здравје: Можна несоница.
ЈАРЕЦ
Работа: Типични претставници на Јарците може да очекуваат добар работен ден за успешно и во согласност со нивните планови да ги завршат професионалните обврски.
Љубов: Ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно и не ви е многу лесно да се зближите со неа. Може да очекувате дека ќе имате многу несигурности на љубовен план.
Здравје: Хронични ревматски тегоби.
ВОДОЛИЈА
Работа: Во последниот работен ден од неделата, повеќето Водолии би можеле да бидат во својот елемент, особено кога станува збор за нови идеи и планови за идни деловни проекти.
Љубов: Интересен ден е за нови познанства. Ќе имате можност да флертувате со една посебна личност со која подоцна ќе напредувате во врската.
Здравје: Намален имунитет.
РИБА
Работа: Завршете ги основните деловни задачи и не се возбудувајте премногу ако сте преоптоварени со дополнителни обврски последниот работен ден од неделата.
Љубов: Многу добар ден во љубовната сфера ќе биде пред се за родените во знакот Риби кои се подготвени за нови познанства, лесна приказна без големи очекувања и обврски.
Здравје: Чувствителност на желудникот и дигестивниот систем.