Сплетот на околности, неодговорноста и лошите одлуки го доведоа голманот на Германија и Баерн Минхен Мануел Нојер (36) во најтешкиот период од неговата кариера.

На светското првенство Германија доживеа Дебакл и испадна уште во групната фаза а после непромислената одлука да оди на скијање и повредата со која се здоби на истото го доведе голманот во баш лоша ситуација.Но долгата пауза која му претстои на познатиот голман изгледа не му падна толку тешко како отказот кој го доби тренерот на голманите на Баерн Тони Тапалович (42) кој е долгогодишен тренер на Баварците.

Нојер самиот многу често зборува за тоа дека геј фудбалерите немаат од што да се срамат и дека треба да излезат гордо во јавноста со своите партнери и да го искажат својот избор,но тој самиот сеуште не го направил тоа.

Изјавата која ја даде по повод одлуката на тимот да се отпушти тренерот на голманите дополнително ги подгреа приказните и шпекулациите за неговата сексуална опеделба, “Како некој да ми го откорна срцето” изјави Нојер за одлуката на тимот.

Договорот на Нојер со Баерн Минхен

Кога во 2011 Баерн го донесоа триесет годишниот тренер на голманите изборот на сите им изгледаше чуден.Човекот кој до тогаш немаше никакво искуство со фудбалот во највисок ранг и работеше како помошник тренер на голманите во Шалке, преку ноќ стана главен тренер на голманите во Баерн а сега знаеме и како.

Тони и Мануел се нераздвојни уште од периодот од Шалке каде двајцата бранеле заедно а кога Нојер ја добил понудата од Баерн како еден од условите бил Баерн да му понуди позиција на Тони -секако како тренер на голманите, и така заедно стигнаа во Минхен а веќе повеќе од 10 години заедно летуваат во Хрватска каде што јавна тајна е дека Нојер има купено недвижнина, но тука не завршува се.

Тони Тапалович никој не го видел со девојка но сепак тој има жена и деца кој ги крстил баш голманот на Баерн но таа не живее со него во Германија туку во Загреб со синовите Емануел и Тино.Јасно е дека тренерот ги има сите услови да им овозможи престој и живот на жената и децата во Германија па нејасно е зошто тие сеуште се во Хрватска.

На крајот од денот како што се верува дека Мануел Нојер бил во договорен брак со бившата сопруга Нина Вајс а сите девојки пред тоа ги користел како параван исто така постои сомнеж дека бракот Тони го искористил како добар параван за одвлекување на вниманието на јавноста поради чуствителноста на темата.

Во секој случај му посакуваме брзо опоравување на голманот на Баварците и враќање на терените. Му посакуваме и храброст доколку сите овие приказни се вистина да истапи од зоната на комфорт и да ја покаже јавно својата определба и својот партнер.

By Author