Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, 18 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 14 санкции за возење повеќе од дозволеното.
Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за непочитување на првенство на минување, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за возач почетник…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.