Во текот на вчерашниот ден (07.10.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 205 пешаци од кои, 189 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… На 46 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука. За време на контролата регистрирани се и 88 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници-соопштуваат од МВР.