Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25% во однос на одлуката од 5.09.2022 година.

Малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25% во однос на одлуката од 5.09.2022 година.

Малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,990 ден/кг и сега ќе изнесува 51,473 ден/кг.

Од 13.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС – 95                             84,50 (денари/литар)

Моторен бензин                   ЕУРОСУПЕР БС – 98                            87,00 (денари/литар)

Дизел гориво                         ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                    97,0(денари/литар)

Масло за горење                  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                          93,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                               51,473 (денари/килограм)

By Author