Непосредно пред снимањето на шоуто, Лукас ги откри деталите за неговиот нов проект исклучиво за “Свет”, како и дали е нервозен, бидејќи првпат ќе заплива во водителските води!- Вечерва нема да бидам домаќин, ќе бидам сè. Секако, во иднина ќе имам гости, ќе има сè, нема да биде класично шоу. Нема да ги испрашувам пејачите за нивната кариера, ќе има претежно стари песни, и некои нови, се зависи од тоа кој ќе биде гостин – па додаде дека никој не му помогнал во концептот на емисијата, туку дека сè е негова идеја – изјави Лукас за “Свет”!