Големата брана Нова Каховка вчера беше уништена при гранатирање, а водата се излеа и ја поплави околината. Прогласена е вонредна состојба, а населението е евакуирано.
Руските власти тврдат дека Украина ја саботирала браната Каховка за да го одвлече вниманието од неуспешната контраофанзива и да го прекине водоснабдувањето на Крим.
Новинари и украински функционери на социјалните мрежи споделуваат видео снимено со дрон на кое наводно се гледа поплавениот град Олешки на левиот брег на реката Днепар, во Херсон кој е под руска окупација.
Во вторникот наутро браната Каховка во јужна Украина беше крената во воздух, објавија украинските и руските власти. Поради поплавите предизвикани од урнатата брана, жителите на населбата се евакуираат низводно по реката Днепар. Киев ја обвинува Русија за нападот на браната, објави Јутарњи лист.
Браната е висока 30 метри и долга 3,2 километри. Изграден е на реката Дњепар во 1956 година како дел од хидроцентрала и содржи резервоар од 18 кубни километри кој ги снабдува со вода Крим и нуклеарната централа Запорожје, под руска контрола.
Градоначалникот на блискиот град Нова Каховка, назначен од Москва, првично ги негираше тврдењата на социјалните мрежи дека браната е крената во воздух, но подоцна рече дека браната била крената во воздух како „сериозен чин на тероризам“.
Исто така, мештаните коментираат дека „ќе остане само пустина“ од населените места каде што живееле до сега.