Во рамките на денешната посeта на ОВР Ресен, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за внатрешни работи pаботи, Оливер Спасовски остварија работни средби со градоначалникот на Општина Ресен, д-р Живко Гошаревски, како и со раководството на ОВР Ресен и СВР Битола, на кои се анализираа актуелни теми од безбедносен аспект и постојаните заложби и планови за унапредување на соработката на локалната самоуправа и полицијата.
„Овие посети кои се со цел поблиско запознавање со актуелните состојби и предизвици со кој се соочуваат полициските службеници, имајќи ги во преден план приоритетите што ги поставивме како раководство на МВР за една модерна, високоопремена, целосно професионална и задоволна полициска служба“, потенцираше министерот на средбата.
Градоначалникот посебно ја истакна соработката со полицијата на планот на безбедноста во сообраќајот, при што бројот на сообраќајни незгоди на ниво на СВР Битола е намален за 15,3 отсто, во однос на минатогодишното тромесечје, а на ниво на ОВР Ресен тој број бележи дури 20 отсто намалување.
Министерот Спасовски потенцираше дека преку ваквите средби се дефинира јасна претстава за она што е постигнато во претходниот период, како и за плановите и приоритетите кои би требало да се реализираат во перспектива, во делот на полициските задачи и обврски.
Премиерот Заев истакна дека тесната соработка на полицијата со локалната заедница е еден од главните столбови на кои се надградува довербата на граѓаните во полицијата и се гради концептот таа да прерасне во вистински сервис за нивните потреби и заштитиник на нивната сигурност и безбедност.
На крајот на средбата градоначалникот на Општина Ресен на премиерот Заев, министерот Спасовски и директорот на БЈБ, Тасевски им додели благодарници за унапредување на безбедноста и за успешна соработка со Општинскиот кризен штаб за време на ковид-19 кризата.