Ова лето би можело да биде поинтересно од лани кога се во прашање фудбалските трансфери.

Според странските медиуми, полскиот фудбалер Роберт Левандовски не сака да го продолжи договорот со Баерн Минхен, па летово би можел да го промени клубот.

Информацијата меѓу другите ја пренесе „Скај Спортс“, а шанса за потписот на Пољакот има Барселона.

Каталонскиот клуб се уште нема најдобра финансиска состојба, но со добар бизнис би можел да обезбеди простор за Левандовски, кој исто така има желба да замине во Шпанија.

Полскиот напаѓач е легендата на Баерн за кој во периодот од 2014 година до денес постигна дури 237 гола во Бундес лигата.

Доколку Барселона не успее да потпише договор со Левандовски, ќе се сврти кон преговори со Сади Манео и Алваро Мората.

By Author