Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори одлучи да се повлече од последниот Грен слем турнир во сезоната, УС-Опен, соопштија денеска организаторите.
Нишикори во последен момент одлучи да не игра во Њујорк поради повреда на коленото. Јапонецот во првото коло требаше да игра против Бразилецот Фелипе Мелигени Алвеш. На местото на Нишикори ќе дојде „лесниот губитник“ Австралиецот Џејмс Дакворт.
Нишикори (33) го постигна својот најдобар резултат на УС Опен во 2014 година, кога во финалето беше поразен од Хрватот Марин Чилиќ (6:3, 6:3, 6:3).
УС Опен започнува денеска и се игра за награден фонд од 65 милиони долари.