Сметам дека Македонија треба да продолжи по патот на евроинтеграциите и друга опција за нас како држава не треба да постои. 

Нема двоумење и мислам дека АА е јасна во овие линии, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по денешната средба во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека ќе го разгледаат францускиот предлог по што ќе излезат со свој став.

Села, нагласи дека Алијанса за Албанците и пред овој предлог да биде конечен, имале став во врска за спорот со Бугарија.

– Јасен е нашиот став дека тој спор треба да се реши почнувајќи од најосновното, ако веќе има проблем меѓу соседи, соседите треба да почнат да се признаваат меѓу себе. Од друга страна, јас пред Самитот на ЕУ, се изјаснив како претседател на партијата дека не се работи само за прифаќање или не на францускиот предлог, туку се работи за продолжување или не по патот на евроинтеграциите и мислам дека тоа треба да биде пристапот на политичките чинители, изјави Села.

Во врска со ова, нагласи Села е и ставот на АА за „Отворен Балкан“ односно дека не треба да создаваме алтернативи за ЕУ и единствен пат на Македонија треба да биде членство во ЕУ.

Македонските политичари посебно оние со албанска националност ѓи разбирам многу лесно кажуваат како треба да се оди напред кон Европа, не се засегнати нивниот јазик, права, историја. Тие истите не се откажуват од нивната историја, не се спори нивниот јазик, нивниот идентитет кога ЕУ би го побарала тоа од нив, не сум баш сигурна тогаш сигурно нема да бидат инпресионирани од предлогот. Но за Македонциве …..

By Author