Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 45 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за управување под дејство на алкохол.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за возач почетник, четори мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за некористење сигурносен појас…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.