Заострените мерки кои ги превзема владата на Франција во борба со актуелната криза со Ковид-19 ги натераа француските власти по втор пат да го одложат одржувањето на Ролан Гарос,одредени тамошни медиуми сметаа дека повторно ќе се одржи во есен но властите најдоа подобро решение.

Минатогодишното издание на овој турнир се одржа во есен а студените услови беа проблем за дел од натпреварувачите но тоа не го спречи Рафаел Надал во битката на титаните со Новак Ѓоковиќ да се закити со уште еден трофеј 13 на овој турнир во својата кариера потврдувајќи ја уште еднаш својата неприкосновена титула крал на земјена подлога.

Официјално во договор со владата во Франција и управните тела во тенисот, тениската Федерација донесе одговорна одлука по повод овогодинешното издание на Ролан Гарос.Оваа година турнирот се одложува за само една седмица па истиот ќе се одржи од 24ти мај до 13ти јуни а Надал ќе се обиде да ја одбрани минатогодишната титула.

By Author