Разговорите меѓу турските власти и шведските и финските делегации во Анкара оваа недела дадоа многу мал успех во надминувањето на противењето на Турција за нордискиот пристап во НАТО и не е јасно дали ќе има дополнителни дискусии, рекоа денеска извори.
– Тоа не е лесен процес, потребни ни се конкретни чекори кои ќе бидат многу тешки. Преговорите ќе продолжат, но датумите на нивното одржување не се блиски – изјави неименуван турски функционер.
Финска и Шведска минатата недела поднесоа официјални барања за влез во НАТО, за што е потребна согласност од сите членки на Алијансата.
Сепак, Турција се спротивставува и тврди дека Шведска и Финска поддржуваат терористички организации и дека го прекинале извозот на одредено оружје во Анкара.
Друг извор рече дека разговорите меѓу турските официјални претставници и членовите на шведската и финската делегација постигнале многу мал напредок и завршиле без одредено време за продолжување.