Портокаловата фаза ќе биде активна и следната недела. Од УХМР информираат дека подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран.
Времето ќе биде многу топло со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури – велат од УХМР.
Во Скопското подрачје ќе се задржи многу топло време со минимална температура над 20, а максималната над 39 степени.
УВ-индексот ќе има многу висока вредност 10.
Владата од 13 јули до денеска донесе мерки за заштита од високи температури. Препорачано беше ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се бремените жени и лица на возраст над 60 години.