Моќниот, но бавен тајфун „Канун“, пропратен со силен ветер, оштети далноводи во јапонската префектура Окинава, популарна туристичка дестинација и остави околу 200.000 домаќинства без струја, а досега е забележан еден загинат и 11 повредени.
Еден човек кој бил заробен под урната гаража и набргу потоа доживеал срцев удар починал, се наведува во соопштението на Агенцијата за борба против пожари и природни катастрофи, пренесува Ројтерс.
Речиси 700.000 жители на оваа префектура, лоцирана на околу 1.600 километри југозападно од јапонската престолнина Токио, добија совет да се евакуираат поради бурата која се движи кон северозапад со брзина од 10 километри на час, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).