Приказната што го шокираше Крит беше откриена во вторникот напладне, кога вработените во компанијата за време на селектирањето на мешаниот отпад пронајдоа човечка глава во вреќа.
Полицијата ја опколи целата фабрика за управување со цврст отпад ДЕДИСА во Акротири и една по една ги пребарува сите вреќи со ѓубре.
Како што пренесува Flashnews.gr, работниците во одделот за селектирање отпад, поточно на појасот низ кој минува мешан отпад, во еден момент се згрозиле кога виделе како излегува вреќа со човечки делови, вклучувајќи ја и главата.
Според новите информации, иако првично се добил впечаток дека се работи за женска глава, конечно се утврдило дека се работи за глава на маж со темна кожа, веројатно со азиско потекло, на возраст од 30-40 години.
Работниците ги известиле претпоставените, а потоа биле информирани и полициските органи кои веднаш се упатиле во фабриката.
Нема крај на хорор приказната што се одвива во Ханија, Грција по откривањето на човечки череп во Меѓуопштинската компанија за управување со цврст отпад. Како што пренесува protothema.gr, припадниците на полицијата, кои вршат увид, пронашле два долни екстремитети.
Човечките делови се стари најмалку десет дена, а полициските власти се повикани да го расветлат случајот.
Полициски извори за protothema.gr велат дека истрагата на лице место ќе продолжи за да се утврдат деталите, а ќе се провери и камионот за смет кој ги превезувал вреќите со човечки делови.