На 20.05.2021 во 14.45 часот, во близина на трговски центар на подрачје на Центар, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Д.К.(32) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 20.05.2021 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за прекршоци кои ги прават пешаците во сообраќајот. За време на контролата биле констатирани 37 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани. При контролата биле констатирани и 13 прекршоци за пречекорување на брзината, 9 за управување возило без возачка дозвола, 1 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 6 за непрописно паркирање. И за овие прекршоци биле поднесени соодветни поднесоци.
На 20.05.2021 на подрачјето на СВР Битола полициски службеници извршиле контрола за алкохол, брзина, поседување на возачка дозвола, некористење на сигурносен појас, користење на мобилен телефон, техничка неисправност на возилата. Притоа, било констатирано дека 19 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената, нерегистрирани биле три возила, 14 лица управувале возило без да поседуваат возачка дозвола, на мобилен телефон разговарале пет возачи, а двајца не користеле сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.
На 20.05.2021 на тетовскотo и гостиварското подрачје била спроведена акциска контрола на прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле откриени 92 прекршоци (ТЕ-76 и ГВ-16). При контролата биле откриени и санкционирани и 14 други видови прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-6). За сите прекршители се изготвени соодветни поднесоци.
На 20.05.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани 38 прекршоци и за сите нив се преземени соодветни мерки. Откриени биле и 18 други прекршоци.
На 20.05.2021 во 13.30 часот на сервисна улица во круг на Комплекс клиники „Мајка Тереза“, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(53) од с.Крушопек, скопско, удрило во пешакот А.К.(74) од с.Неготино, општина Врапчиште. По незгодата, на А.К. во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.
На 20.05.2021 во 18.00 часот во СВР Скопје, Д.Р.(89) пријавил дека на кеј „13 Ноември“ бил каснат од куче скитник.