Лешникот освен што е вкусен тој има и безброј бенефици. Имено, масото од лешник е познато по тоа што штити ја штити кожата, ја зајакнува хидратацијата и ги еллиминира борите. Тоа е така затоа што содржи витамини, минерали и протеини кои го подобруваат квалитетот на кожата.
Како всушност настанува маслото од лешник:
Ова масло се екстрахира од зрна од лешник кои содржат околу 60 отсто масло. Со цел да се добие најздраво масло, се користи методот на ладно цедење. Ова масло станува сè попопуларно во козметичката индустрија, поради бројните позитивни ефекти врз кожата. Маслото од лешник е немасно масло познато по своите навлажнувачки својства. Има слична содржина на масни киселини како маслиновото масло, но содржи високо ниво на олеинска киселина.
Предности на маслото од лешник:
1.Дејствува како средство за подмладување на кожата. Маслото од лешник ја навлажнува кожата бидејќи содржи голема количина на масни киселини кои ја прават одлична хидратантна крема за лице.
2.Формира заштитна бариера и спречува сушење на лицето.
3.Маслото од лешник може да ја зголеми ефикасноста на другите навлажнувачки креми за нега на кожата. Содржи фосфолипиди кои обезбедуваат долготрајно чувство на хидратација.
4.Ефикасен е за лекување на сува кожа поради нејзините емулзивни својства.
5.Може да се користи во обновувачки третмани за нега на кожата, кога лицето треба да ја врати еластичноста.
6.Маслото од лешник е природен УВ-филтер за заштита на кожата од сончевите зраци.
7.Луѓето со мрсна кожа исто така можат да користат масло од лешник за нега на кожата, бидејќи станува збор за немасно масло. Тоа помага да се елиминира вишокот маснотии од лицето и спречува појава на акни.
8.Маслото од лешник содржи витамини и есенцијални масни киселини кои го подобруваат производството на колаген.
9..Ја смирува и стимулира кожата, дејствува истовремено со средство за дезинфекција.
10.Ефикасен е во ублажување на болката во мускулите и обезбедува моментално чувство на релаксација.
11. Маслото од лешник го промовира здравјето на кожата, ги отстранува бактериите од лицето и го промовира растот на пробиотички бактерии. Овие бактерии се одговорни за одложување на процесот на стареење на кожата.
Начин на употреба:
Маслото пред се треба да се користи на чиста кожа затоа при употреба откако ќе ја остраните шминката потребно е да земете пешкир и да го потопите во топла вода. Бидете сигурни водата да не е премногу топла за вашето лице. Ставете го на лицето и држете го околу 5 минути. Топла вода ќе ги отвори порите на лицето. Потоа нанесете мала количина масло од лешник на лицето и тријте ја кожата со кружни движења. Оставете да делува околу 15 минути и потоа исплакнете го и избришете го лицето со чиста крпа.