Научниците од Велика Британија спровеле студија во која учествувале 60 пациенти со висок холестерол во крвта и откриле дека овој пијалок е многу ефикасен.
Високото ниво на холестерол во крвта предизвикува проблеми со кардиоваскуларниот систем, што го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.
Природата е тука да ни даде различни лекови, а научно е докажано дека со еден пијалок можете да го намалите нивото на холестерол.
Ѓумбирот – корен кој се повеќе е застапен во здравата исхрана и народната медицина. Јадењето ѓумбир има бројни здравствени придобивки: го подобрува варењето и цревната микрофлора, го забрзува метаболизмот и отстранувањето на токсините, а корисен е и за настинки, кашлица и грип, како и за превенција од срцеви заболувања.
Во студија која била спроведена во Британија учествувале 60 пациенти со висок холестерол во крвта. Секој од нив земал не повеќе од 5 грама ѓумбир секој ден, резултатот бил намалување на нивото на холестерол за 17%.
Докажано е дека ѓумбирот е подеднакво ефикасен, и во форма на прав и во свежа форма. Во двата случаи, доволно е да се прелие со топла вода, но не треба да биде жешка и зовриена. Оставете го да отстои и напијте се супер пијалок за намалување на холестеролот.
Нормално уште подобар ефект можете да добиете доколку се откажете од лошите навики, додадете физичка активност и имате урамнотежена исхрана со што повеќе свежо овошје и зеленчук во периодот на детоксикација со напитокот од ѓумбир.
Потребни состојки за пијалокот:
5 парчиња краставица
3 парчиња лимон
3 парчиња ѓумбир
топла вода
Ставете ги сите состојки во чаша и прелијте ја со топла вода. Оставете 10 минути и потоа испијте.